За седум години 32 илјади луѓе се откажале од косовско државјанство

Официјалната статистика на Министерството за внатрешни работи во Приштина покажува дека од 2009 година околу 32 илјади косовски граѓани се откажале од државјанството на Косово. Како што јави дописникот на МИА, Министерството ваквата појава ја образложува со фактот дека повеќе земји од Европската унија не дозволуваат двојно државјанство. Во истиот период косовско државјанство побарале 6.000 лица, но добиле само 1.200, главно од соседните земји каде се дозволува двојно државјанство. Лани од разни западно европски земји во Косово биле депортирани 16.546 косовски мигранти, на кои им биле одбиени барањата за азил.