Хрватска врати 600 мигранти во Србија

Хрватска денеска во Србија врати околу 600 имигранти, јави Танјуг, додавајќи дека српските власти имаат намера овие имигранти да ги вратат во Македонија, од каде влегле на српска територија.Според податоците на српската полиција, во текот на минатата ноќ од Македонија во Србија пристигнале нови 190 бегалци. Во текот на минатата недела во Србија дневно влегувале помалку од 500 бегалци, колку што изнесува дневната квота за прием што ја усогласија државите долж балканската бегалска рута.