Јахјага го ратификува договорот за Судот за ОВК

Косовската претседателка Атифетe Јахјага

Косовската претседателка Атифетe Јахјага го ратификува договорот со Холандија за „организација на институции на Специјален суд на Косово кој е сместен во Холандија“, соопштија од нејзиниот кабинет, пренесува Танјуг. Како што е објавено на сајтот на косовската претседателка, Јахјага го ратификувала договорот со Холандија врз основа на уставните надлежности за ратификација на договори. Со оваа ратификација, Косово ги исполнило сите свои меѓународни обврски поврзани со основањето на Специјален суд, се наведува во соопштението. Договорот е потпишан на 15 февруари, а примен е во канцеларијата на косовската претседателка осум дена подоцна, пренесува Танјуг.