Кери: Русија и САД само против ИД и Фронтот Нусра во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД и Русија заеднички работат на механизмот со кој се обезбедува дека сите бомбардирања во Сирија ќе бидат насочени само врз терористичките групи Исламска држава и Фронтот Нусра. Овие две групи не се дел од договорот за прекин на огнот постигнат меѓу САД и Русија и кој во изминативе денови главно се почитува. Тимови од двете земји ќе го истражуваат секое нарушување на примирјето за да утврдат дали некоја од завојуваните страни, односно сириската опозиција и владините сили го сториле тоа.