СБ на ОН за ситуацијата на Косово

Амбасадорите на западните земји по синоќешната седница на Советот за безбедност на ОН на која се расправаше за тримесечниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун за работана на УНМИК се заложија Советот помалку да се занимава со Косово и извештајот да се поднесува на шест, а не на три месеци како досега. Според амбасадорите на САД, Британија и Франција во ОН, на Косово постојат предизвици, но оти Советот за безбедност треба да се занимава и со други проблеми во светот. Тие ја поздравија Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Косово со ЕУ и го осудија насилството на опозицијата во косовскиот парламент.