Комитетот на ЕП ја усвои резолуцијата за Македонија

Иво Вајгл

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, синоќа во Брисел со 42 гласа „за“ и девет „против“ ја усвои Резолуцијата за Македонија, што на предлог на известувачот Иво Вајгл содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство во Европската унија. Поради закажувањето нов датум за предвремени парламентарни избори, Комитетот наместо на 23-ти, за Резолуцијата за Македонија гласаше вчера. „Тоа одложување на датумот на изборите беше потребно поради тоа што имаше заедничка оценка на ЕУ и САД дека подготовките за изборите не беа такви за изборите ги задоволат високите стандарди за демократија, транспарентност и владеење на правото. Сега имаме нов датум, 5 јуни и јас поставив два амандмани што се однесуваат на оваа промена на датумот. Нашата опсервација е дека е потребно за процесот на Македонија да имаат пристап сите партии во земјата и тие да работат заедно на европската агенда“, порача Вајгл.