Рјабков: Турција не се откажува од прекугранични напади во Сирија

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков

Активностите на Турција на границата со Сирија може да се претворат во темпирана бомба за договорот за примирје, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој додаде дека Турција не се откажала од идејата за прекугранични напади, како и од идеја за создавање на некакви зони на сириска територија. Рјабков наведе дека станува збор за многу опасна ситуација од аспект на однесувањето на Анкара.