Оскар за Леонардо ди Каприо

Леонардо ди Каприо ја доби наградата Оскар за најдобар актер. Тоа е негова прва победа по пет номинации во оваа категоријата. На 88 церемонија на доделувањето на годишните награди на Академијата која се одржа во Лос Анџелес, 41 годишниот Ди Каприо ја доби наградата за неговиот портрет на трговец од 19 век во филмот „Revenant“. Режисерот на овој филм Алехандро Инариту ја доби наградата за најдобар режисер. Драмата за новинарите во Бостон кои откриваат случаи на сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници „Spotlight“, ја освои наградата за најдобар филм. Бри Ларсон го освои Оскарот за најдобра женска улога во филмот „ Room“. Легендарниот италијански композитор 87 годишниот Енио Мориконе ја доби наградата за најдобра музика во филмот на Квентин Тарантино „Hateful Eight“. Најдобар странски филм е унгарскиот „Son of Saul“.