Орбан: ЕУ лидерите не сакаат запирање на бранот мигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ може да го запре приливот мигранти, но оти нејзините лидери не сакаат да го направат тоа. „Доволно лошо е тоа што Брисел не може да организира одбранбен систем, а уште полошо е што не постои ни волја за тоа“, изјави тој во годишното обраќање до нацијата. „Иднината на Европа не ја загрозуваат само оние што сакаат да дојдат, туку и политичките и економските лидери, како и интелектуалците кои се обидуваат да ја претворат Европа во Европа против европскиот народ“, оцени Орбан, критикувајќи ја политиката на отворени граници на германскиот канцелар Ангела Меркел.