Грузискиот опозиционер на операција по нападот

Грузискиот опозициски лидер и поранешен министер денеска е на операција, само 48 часа откако беше претепан а кон беше и пукано за време на посетата на гробиштата во Тблиси. Алекси Петриашвили, лидер на Слободната демократска партија беше нападнат од непознат број напаѓачи на 26 февруари. 45 годишниот Петриашвили кој беше министер за европски и евроатлански интеграции од 2012 до 2014 година рече дека вооружените напаѓачи го навредувале пред инцидентот. Тој беше министер се до поднесување на оставката во знак на протест поради тргањето од кабинетот на неговиот колега, министерот за одбрана Иракли Аласаниа. Сопругата на Петриашвили рече дека тој имал три прострелни рани, две во нозете и една во стомакот. Таа го опиша нападот како неуспешен атентат. Грузиското министерство за внатрешни работи отвори истрага за нападот.