Расте бројот на бегалците во Идомени

Бројот на бегалците „заробени“ на грчко-македонската граница во Идомени достигна 6.500 лица, откако четири земји на балканската рута најавија дневно ограничување на влегувањата, пренесува МИА. Поради построгите контроли, илјадници луѓе, вклучувајќи голем број деца останаа во Грција, а синоќа во Идомени на граничниот премин чекале 6.500 лица, јавија грчки медиуми.бСобирањето на границата почна минатата недела, кога Македонија почна да го одбива влезот за Авганистанци и воведе построга контрола на документите за Сиријци и Ирачани. Членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, како и Србија и Македонија најавија дека ќе го ограничат бројот на мигрантите на 580 дневно, откако Австрија најави дека ќе дозволи само 80 мигранти дневно да бараат азил, како и дека ќе го ограничи бројот на луѓето, кои дневно минуваат низ земјата на 3.200. Според грчкиот министер за миграции Јанис Музалас во Грција моментално се наоѓаат повеќе од 20 илјади бегалци и други мигранти.