Една година од убиството на Немцов

Поддржувачите на убиениот критичар на Кремљ Борис Немцов денеска маршираа низ Москва за да ја одбележат првата годишнина од неговото убиство. Немцов, поранешен заменик премиер и силен критичар на рускиот претседател Владимир Путин беше убиен во близина на Кремљ на 27 минатата година. Градските власти им бараа дозвола на организаторите за одржување на маршот на мостот каде што беше убиен, но им дадоа дозвола за друга локација во центарот на Москва. Местото стана неформално собиралиште на кое поддржувачите оставаат цвеќе но градските власти често го тргаат. Претходно денеска местото на убиството го посети и американскиот амбасадор Џон Тефт. Руската дума вчера го одби предлогот од опозициски пратеник да се одржи минута молк за Немцов. Осомничениот за убиството на Немцов бил офицер во безбедносните сили на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кој е поддржан од Кремљ. Уште пет други Чеченци исто така се соочуваат со судење за случајот. Но кој го наредил убиството на Немцов се уште останува непознато.