Стапи во сила примирјето во Сирија

Договорот за прекин на судирите почна денеска да се спроведува во Сирија со како што се јавува мали прекршувања во првите часови. Набљудувачката мисија на Обединетите нации забележала само еден инцидент во западна Сирија, откако на полноќ стапи во сила примирјето и покрај тоа што во текот на денот имаше интензивно бомбардирање на позиициите на бунтовниците во близина на главниот град Дамаск и во северниот град Алепо.

Прекинот беше договорен од Соединетите Американски држави и Русија и ќе биде набљудуван од тие две земји преку центрите во Латакиа, Вашигтон, Москва, Аман и Женева.