Џани Инфантино е нов претседател на ФИФА

Џани Инфантино

Џани Инфантино е нов претседател на светската фудбалска федерација ФИФА, откако беше избран во вториот круг гласање. Тој доби 115 гласови од можните 207 и го победи неговиот ривал Шеик Салман од Бахреин, кој доби 88 гласови, и покрај тоа што се сметаше за фаворит во четиримесечната кампања. Принц Али од Јордан доби 4 гласа, а Жером Шампањ од Франција остана без гласови. По изборот, 45-годишниот Инфантино рече дека е време да му се вратиме на фудбалот. Тој досега беше генерален секретар на европската фудбалска федерација УЕФА. Мандатот на чело на ФИФА му трае до 2019 година. Инфантино го наследува 79-годишниот Сеп Блатер кој мораше да се повлече поради корупциски скандал.