Половина од децата во Пакистан не одат на училиште

Пакистан објави дека неверојатни 24 милиони деца не одат на училиште, откривајќи ја очајната состојба во образованието во земјата со 170 милиони луѓе. Во годишната образовна статистика се наведува дека во земјата има 51 милиони деца меѓу 5 и 16 години и оти речиси половина од нив не добиваат образование. Во немирната провинција Балучистан, дури 70 отсто од децата не одат на училиште.