Чешките полицајци остануваат на македонско-грчката граница

Архивска фотограгија: Претседателот Ѓорге Иванов ја посети границата со Грција и се сретна со странските полицајци што им помагаат на македонските колеги

Чешката страна веќе подготвува нов контингент од триесетина полицајци кои ќе ги заменат нивните колеги кои сега се наоѓаат на македонско-грчката граница, изјави шефот на чешката полиција Томаш Тухи. Според него, како што јави дописникот на МИА од Прага, сегашните 27 чешки полицајци кои со две кучиња, заедно со колеги од Словенија, Хрватска и Словачка помагаат во совладување на мигрантската криза, Македонија ќе ја напуштат на 19 март.