Тензична седница за избор на претседател во Косово

Странските дипломати по 16 часот го напуштија косовскиот Парламент, каде од самиот почеток ја следеа седницата за избор на нов претседател на Косово. Нема информации дали тие ќе се вратат за и понатаму да ја следат седницата на парламентот. Американскиот амбасадор изјави дека е многу вознемирен поради однесувањето на опозицијата во Парламентот. На седницата на двапати во собраниската сала, беше фрлен солзавец од страна на опозициските пратеници кои се противат на изборот на Хашим Тачи за претседател, зашто сметаат дека земјата ќе западне во уште подлабока криза. Од собраниската сала се истерани 11 пратеници меѓу кои и екс лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, како и актуелниот лидер Висар Имери.