Рама - Албанија нема да стане нова маршрута за мигрантите

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека државата нема да стане нова маршрута за мигрантите кои одат кон Западна Европа.

„Ние ниту имаме услови, ниту сила, ниту ентузијазам да го спасуваме светот, додека други затвораат граници“, изјави тој за локална телевизија.

Министерот за интеграции Клајда Ѓуша, пак, изјави дека Албанија нема да подигнува ограда за да спречи мигранти и бегалци за влезат на нејзина територија.

Албанија веќе шест месеци преговара со италијанската Влада во врска со тоа што да прави ако мигрантите дојдат во државата.