Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно

Србија добила официјална потврда од хрватската полиција дека Словенија и Хрватска од денеска ќе прифаќаат по не повеќе од 500 мигранти на ден, јави Танјуг. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави за локални медиуми дека побарал писмена потврда од хрватската страна за да може да докаже дека новиот режим за прием на мигранти не е „измислен од Србија“.