УНХЦР бара хотели во Грција за сместување бегалци

Обединетите нации бараат да изнајмат хотели во Грција, за сместување бегалци, пишува грчкиот весник „Прото тема“. Високиот комесаријат на ОН за бегалци испратил до здружението на хотелиерите писмо со барање за хотелски комплекси со капацитет до сто соби. Планирано е тие да бидат изнајмени за период од девет месеци. Условот е хотелите да се стационирани на околу 50 километри надвор од Атина и Солун, да имаат три ѕвезди и да нудат три оброци на ден.