Обама ја предупреди Русија за примирјето во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама ја предупреди Русија дека, како што рече, „светот ќе гледа“ дали таа го почитува договорениот прекин на непријателствата во Сирија што почнува денеска. „Наредните денови ќе бидат клучни и светот ќе гледа дали примирјето се почитува од Русија и нејзините сојузници во Сирија“, изјави Обама по состанокот со советниците за национална безбедност. Тој примирјето го оцени како тест за тоа дали Москва е посветена на пошироко политичко решение на пет годишната војна во Сирија. Обама додаде дека очекува продолжување на некои борби со оглед на тоа што ИД и Фронтот Нусра се исклучени од примирјето.