Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб повремено и умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 10 до 14 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.