Австрија ја повика Грција да ја совлада мигрантската криза

Австрија студено реагираше откако Грција го отповика амбасадорот во Виена за консултации, повикувајќи ја Атина да го заврши својот дел од работата за совладување на миграцијата, јави ДПА.

Амбасадорот беше повикан да се врати во Атина за консултации, поради стравувањата на Грција дека новите строги гранични правила, воведени од Австрија и некои балкански држави, ќе ги блокираат мигрантите и бегалците во Грција.