Вирусот зика откриен во Чешка

Чешките здравствени власти денеска соопштија дека се откриени првите два случи на вирусот зика во земјата. Министерот за здравство Сватоплук Немецек соопшти дека едниот случај е маж кој престојувал на карипскиот остров Мартиник, а другиот е откриен кај 49-годишна жена која престојувала во Доминиканската Република. Светската здравствена организација на 1 февруари прогласи епидемија на вирусот зика, кој, ако се фати кај жените во бременоста, предизвикува раѓање деца со невролошки проблеми и невообичаено мали глави, состојба позната како микроцефалија. Вирусот е најмногу распространет во Јужна и Централна Америка, а досега е регистриран во 46 земји во светот.