Хан – Да продолжат реформите во медиумите

Евркомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан изрази задоволство од одложувањето на изборите за 5 јуни. Тој на Твитер рече дека Договорот од Пржино е жив.

„Сите партии мора целосно да се ангажираат за да помогнат за подготовка на кредибилни избори и да продолжат со реформските приоритети, вклучително и медиумите“, напиша Хан.

Тој им се заблагодари на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, кои посредуваа за постигнување договор, како и на амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли, како и на целата меѓународна заедница за нејзината поддршка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во ноќешното обраќање рече дека добил уверување од меѓународната заедница дека нема да има нови услови за изборите на 5 јуни, како што е законот за медиуми.