Австрија ги отфрли грчките критики за мигрантската конференција

Австрија денеска ги отфрли критиките од Грција за тоа дека властите од Атина не се повикани на утрешната конференција во Виена на која ќе има претставници од државите од „западнобалканската мигрантска рута“ кон западна Европа, јавува Танјуг.

На состанокот под називот „Заедничко управување со миграцијата“ во Виена ќе учествуваат министрите за надворешни и внатрешни работи на Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.

Грчкото Министерство за надворешни работи тврди дека чинот на заобиколување на Атина од конференцијата ќе биде „обид за донесување одлуки во отсуство на Грција што директно влијаат врз Грција и грчките граници“.