Смртна закана за бугарскиот премиер Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов

На адресата на бугарската Влада во Софија пристигна писмо со фотографија од Бојко Борисов, со куршум и заканувачка порака, пишуваат денеска бугарските весници, повикувајќи се на извори од безбедносните служби. Борисов вели дека не е загрижен и дека сето тоа се случува поради неговата борба со корупцијата и криумчарењето. Бугарскиот премиер минатата седмица нареди да бидат стопирани сите сомнителни јавни набавки, меѓу кои и изградбата на делницата на автопатот „Хемус“, вредна половина милијарда евра. Борисов доби закана и за време на функцијата директор на бугарската полиција.