Димитриев – Ако нема избори, да се врати политичката влада

Ако нема избори, да се врати политичката влада која има полн легитимитет од граѓаните, напиша премиерот Емил Димитриев на Фејсбук. Тој вели дека техничката влада на подолг временски рок е неодржливо решение. Димитриев пишува дека актуелните министри од опозицијата имаат нарушени човечки и професионални односи со преостанатите министри. Тој вели дека избори се потребни час поскоро.

„Мандатот на оваа влада е за организирање на избори, ако нема избори во тој случај се доведува во прашање целисходноста од нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада и треба да се врати политичката влада која беше со полн легитимитет од граѓаните“, пишува Димитриев на Фејсбук.