Резервираност за примирјето во Сирија

Сириското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Башар ал-Асад го примил договорот за прекин на огнот постигнат од САД и Русија, но предупреди дека ќе размислат и за прекршување на примирјето ако вооружените групи го користат да си ги засилат позициите. Примирјето, кое не се однесува на Исламската држава или на Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда почнува на полноќ на 27 февруари по локално време.

Најголемите сириски умерени опозициски организации, кои се дел од Високиот комитет за преговори, втор ден се среќаваат во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Тие се внимателни во врска со прекинот на огнот, но оти се согласиле „позитивно да одговорат на меѓународните напори за постигнување мировен договор“. Сепак, и тие велат дека обврската за почитување на договорот е условена со прекин на опсадите од владините сили, окончување на нападите врз цивили, ослободување затвореници и испорака на хуманитарна помош.