Франција и Германија бараат крај на политичката криза во Украина

Шефовите на дипломатиите на Германија и на Франција Франк Валтер Штајнмаер и Жан Марк Еро во Киев побараа од Украина да ја надмине политичката криза и да продолжи да ги спроведува реформите потребни за заживување на економијата. Тие исто така оценија дека нема алтернатива на мировниот договор за источна Украина постигнат во Минск. „За тоа е неопходна подготвеност на Русија, но исто така и подготвеност на Украина“, изјави Штајнмаер, барајќи од украинските политички лидери да ги остават настрана нивните домашни политички игри и да ги спроведат реформите.