Вајгл, Ховит и Кукан на разговори во Скопје

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваа во носењето на Договорот од Пржино, во текот на денешниот ден во Скопје ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Потврда за ова дојде и од евроамбасадорот Аиво Орав, кој вчера на Твитер напиша. „Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараат за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, напиша Орав на Твитер.