Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има и слаб локален дожд. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.