Деветмина загинати во судирите во индиски Кашмир

Најмалку девет луѓе, меѓу кои и тројца бунтовници, загинаа во тридневните жестоки судири меѓу безбедносните сили и милитантите во индискиот дел на Кашмир кои завршија денеска. Милитантите на 20 февруари упаднаа во владина зграда во предградие на Сринагар, летната престолнина на индиски Кашмир, откако претходно отворија оган врз конвој на индиски паравоени сили. Повеќе од 110 цивили вработени во објектот беа евакуирани. Индиските сили денеска презедоа контраофанзива. Њу Делхи го обвинува Пакистан дека ги поддржува исламистичките милитанти во индискиот дел на Кашмир. Две од трите војни меѓу Индија и Пакистан што се водеа од прогласувањето на нивната независност во 1947 година се водеа поради Кашмир.