Бејли и Орав ќе ја соопштат оценката за изборите

Американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав денеска ќе ја споделат со јавноста оценката на меѓународниот фактор за условите за оддржување на изборите во земјава, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Скопје и од Американската амбасада.

По две одложувања на најавениот термин, се очекува да го презентираат ставот околу тоа дали има услови изборите да се оддржат на 24 април, односно дали се исполнето трите клучни барања договорени во Пржино. Станува збор за пречистување на изборниот список, за реформирање на медиумскиот сектор како и за одвојувањето на партијата од државата.

Денеска кординаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека не гледа сериозен аргумент за да не се оддржат изборите на 24 април.