Киднапирани тројца турски новинари

Тројца репортери на турската новинска агенција Анадолија се киднапирани од бунтовници на курдската работничка партија во округот Мерсин, јавуваат локалните медиуми. Анадолија потврди дека тројца нејзини новинари се киднапирани од приапдници на ПКК и дека тие се заробени повеќе од 48 часа.

Новинарите биле испратени минатата недела во градот Нусајбин во округот Мерсин да известуваат за случувањата во регионот, објасни Анадолија.