Пратениците в недела дебатираат за нов универзитет

Собраниските комисии за образование и политички систем и денеска ќе заседаваат. Според дневниот ред, пратениците на второ читање ќе дебатираат за предлог законот за основање на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „ Дамјан Груев“ и за измени на законот за високо образование, како и за предлог закони за извршување и нотаријат.

Опозицијата вчера обвини дека власта сака по секоја цена пред распуштањето на собранието на 24 месецов да го протурка законот за формирање на нов универзитет.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдат дека нема ништо чудно во тоа Собранието да работи за викенд и дека причината за закажувањето на седниците овој викедн се илјада амандмани на опозицијата.

Според досегашната собраниска пракса во исклучително ретки ситуации беа закажувани седници за викенд.