Ванхојте: Нема избори на 24 април

Peter Van Houte with Twitter message

Се предавам, нема избори на 24 април,потребни се ефективни преговори напиша синоќа на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, белгискиот посредник во преговорите Питер Ванхојте.Тој утрово во уште една твитер порака, напиша дека секоја демократска промена започнува со луѓето кои сакаат да сменат нешто и преземаат мерки за тоа.

Овие пораки доаѓаат непосредно пред извештајот на САД и ЕУ за условите за избори на 24 април, кои се очекува во текот да денот да ги соопштат амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија.

Проценката на меѓународниот фактор за условите за предвремени избори во април требаше вчера да биде објавена, но од Делагацијата на ЕУ во Скопје соопштија дека таа е одложена за денеска по барање на партиските лидери. Ниту една од политичките партии вчера не одговорија дали побарале одложување на објавувањето на писмото ниту пак зошто побарале одложување.

САД и ЕУ во својот извештај ќе дадат препораки за сите услови дали се доволно исполнети, а конечната одлука дали ќе има избори на 24 април, или тие би се одложиле, ќе им ја препуштат на лидерите на четирите најголеми партии.