Временска прогноза- сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од пет до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 14 степени.

Во вторник и особено во среда ќе преовладува променливо време проследено со пад на температурата за 3 до 5 степени и со повремен локален дожд.