Сириската опозиција отворена за примирје

Сириската опозициска група соопшти дека е отворена за можноста за примирје. Опозициската група позната како Комитет за преговори соопшти дека какво било потенцијално примиерје би било можно само ако сириската влада прва ги повлече блокадите од регионите кои ги имаат под контрола бунтовниците.

Тие бараат од сириската влада да ослободи и илјадници затвореници. Рокот за почетокот на примирјето во Сирија истече вчера, по петгодишна граѓанска војна, нити една од страните не прогласи прекин на огнот.