Уапсениот сириски новинар во Турција ослободен

Сирискиот новинар Рами Јураш кој беше уапсен во Турција денеска е ослободен откако медиумските здруженија вчера побараа туската влада да го пушти на слобода. На неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Јураш објавил дека е ослободен но од полицијата не добил објаснување зошто бил уапсен. Тој во постот објаснил дека се сомнева дека неговото приведување се должи на неговата работа во Сирија. Тој е ко-основач на независната граѓанско- новинарска група АНА пред откако ја напуштил Сирија. Новинската агенција известува за војната во Сирија.Тој беше приведен додека аплицирал за дозвола за престој во јужниот турски град Газиантеп.