Британија во јуни на референдум

Британскиот премир Дејвид Камерон денеска изјави дека историскиот референдум за британското членство во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни. Ова следува откако вчера по интезивни преговори постигнаа договор со кој земјата до „специјален статус “ во рамки на ЕУ.

Камерон изјави дека по краткиот состанок, министрите ја одобриле владината позиција според која Британија би останала да членува во рефоримирана ЕУ. Камерон додаде дека Велика Британија ќе биде побезбедна и посилна ако остане внатре во реформирана ЕУ.