Почина Умберто Еко

Италијанскиот и светски познат писател и филозоф Умберто Еко почина вчера во својот дом на 84 годишна возраст. Меѓу најпознати негови дела се вбројуваат „Името на розата“ кое доби и филмска адаптација и „Нишалото на Фуко“. Познат е и по академските трудови и есеи во полињата на семиотиката, теологијата, медиумската и литературна теорија, а заедно со тоа пишува и книги за деца.

Умберто Еко е роден на 5-ти јануари 1932 година во Алесандрија, во италијанскиот регион Пиемонте. Почнал да студира право, но прекинал, па се одлучил за студиите по средновековна филозофија и литература. Беше професор на Универзитет во Болоња, напиша и објави бројни трудови.