Бродови на НАТО пристигнаа во Егејот за помош со мигрантите

Илустрација

Воени бродови од НАТО пристигнаа во Егејското Море за да се вклучат во акции против мрежи за криумчарење мигранти кои се активни меѓу Турција и Грција. Четири бродови под германска команда во кои има персонал од Канада, Грција и Турција се „распоредени во меѓународни води во Егејското Море. Тие спроведуваат рутински разузнавачки акции“, изјави за ДПА претставник од НАТО. Целта е бродовите да доставуваат информации за властите во Грција и Турција во соработката со Фронтекс во врска со шверц на луѓе и криминални мрежи кои се вклучени во мигрантската криза.