Во Србија онолку мигранти колку што ќе можат да влезат во Австрија

И Србија и Унгарија ќе следат што се случува во Европската унија и согласно тоа ќе се однесуваат во мигрантската криза, беше порачано од денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на Србија и Унгарија Небојша Стефановиќ и Шандор Пинтера. Од средбата во Хоргош најавено е дека во Србија ќе можат да влезат онолку бегалци колку што ќе можат да влезат во Австрија. На прес-конференцијата по средбата соопштено е дека нема да се дозволи ниту Србија, ниту Унгарија да бидат местата каде ќе се задржуваат мигрантите.