Тачи - Косовската опозиција се однесува примитивно

Шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи

Шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, денеска изјави дека опозицијата се однесува примитивно и дека продолжувањето на таквото однесување не е добро за демократијата во земјата, јави Танјуг. Оваа изјава Тачи ја даде во Приштина откако денеска опозициските пратеници во Собранието на Косово повторно активираа солзавец и го прекинаа заседанието. Тачи притоа додаде дека на опозицијата и упатил покана за дијалог.