Почина 21-годишна родилка во Прилеп

Ноќеска почина 21-годишна родилка во прилепската болница. Родилката од прилепското село Беровци починала од засега непознати причини. Детето е во добра здравствена состојба. Според директорот на болницата Петар Ристески, таа се породила вчера околу 13 часот и сè било во ред, но вечерта и се влошила состојбата и ноќеска починала. Тој вели дека лекарите направиле се што било во нивна моќ. Роднини на починатата велат дека се работи за невнимание на докторите, зашто сè било во ред со бременоста и со породувањето. Јавен обвинител наредил обдукција за да се утврдат причините за смртта на родилката. Ова ѝ било второ породување. Пред три години родила девојче.