Работа за задржување на Британија во ЕУ

Доналд Туск и Дејвид Камерон

По преговорите меѓу лидерите на Европската унија во Брисел, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека ќе биде неопходна уште работа за да се постигне договор за задржување на Британија во Унијата. „Засега можам да кажам дека направивме некаков напредок, но е неопходно да се направиме уште многу работа“, изјави тој. Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека останува оптимист и оти е можно постигнување договор околу ова прашање. Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази резервираност во врска со барањата на британскиот премиер Дејвид Камерон наведувајќи дека во прашање е доведена Европската унија, а не само една земја.