ЕУ се подготвува за бегалска криза во Грција

Еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос

Европската унија се надева дека Турција ќе спречи колку што може повеќе бегалци да пристигнуваат во Грција, но и подготвува планови за прифаќање голем број на оние што ќе го прават тоа но не ќе можат веќе да одат кон Германија. Еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос оцени дека се уште не е јасно колку Турција ќе може да го намали бројот на бегалците кога ќе се подобрат временските услови. „Мора да спречиме хуманитарна криза и подготвуваме планови за тоа“, изјави тој за новинската агенција Ројтерс.