Преговорите за медиумите завршија со неуспех

Преговорите на четирите политички парии за реформи во медиумите завршија и на нив не беше постигнат договор.Ова е епилогот на вечерашните разговори, помеѓу кои имаше пауза и внатре партиски консултации. Главниот проблем е околу составот на советот на Агецијата за медиуми. Белгискиот експерт Питер Ванхауте кој ги предводи преговорите изјави дека ваквиот негативен исход ќе влијае врз утрешната проценка на меѓународната заедница за тоа дали се исполнети условите за кредибилни избори. Ванхауте појасни дека нема најави за повторна средба на работните групи во текот на утрешниот ден.