Унгарија подготвена да гради ограда и кон Романија

Унгарија е подготвена да подигне ограда и на границата со Романија за да го спречи влезот на имигранти и, како што стојат работите, таквиот чекор е неизбежен, изјави денеска Јанош Лазар, шефот на администрацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој додаде дека Унгарија и земјите од Вишеградската четворка го застапуваат ставот дека приливот на бегалци пред сè треба да се решава на границата на Грција, пренесува Танјуг.

„Вистинското прашање е дали ќе им помогнеме на балканските земји или не“, нагласи Лазар.

Унгарија претходно крена ограда кон Србија и Хрватска.